26/04/2024
Дебрца

Опожарени ниви, стрништа и овоштарници помеѓу Требеништа и Мешеишта

На 20.09.2018 година во 11:00 часот, од засега неутврдени причини, во месноста „Брестој“ помеѓу селата Требеништа и Мешеишта-општина Дебрца, избувнал пожар и ги зафатил околните ниви, стрништа и овоштарници. За кратко време, пожарот се проширил во радиус од околу два километри и предизвикал голема материјална штета.

По преземени мерки, територијалната против-пожарна единица околу 16 часот го локализира, а потоа и целосно го изгасна пожарот.

По консултација со Јавен обвинител, на местото на настанот СВР Охрид изврши увид и фотографирање на опожареното подрачје.