27/04/2024
Охрид

Опожарено возило на „Туристичка“

На 22.07.2023 година во 12:55 часот, настанал пожар во возило „сеат алхамбра“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала Ј.Б.(40) селото Мешеишта, општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Во пожарот со телесни повреди се здобил М.О.(31) од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во Охрид.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид.


WebOhrid / 24.07.2023 / СВР Охрид / фото: архива