28/04/2024
Струга

Опожарено возило во Струга

На 08.07.2023 година околу 15:00 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на улицата „Димче Ковачески“ во Струга настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управуван Т.Т.(53) од селото Мешеишта, општина Дебрца.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.


WebOhrid / 10.07.2023 / фото: архива