25/04/2024
Дебрца

Општина Дебрца ќе го плати осигурувањето во случај на незгода за сите ученици

Денес започнува второто полугодие од учебната 2018/2019 година во основното образование.

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на учениците и наставниците од Основното училиште „Дебрца” им посака успех во учењето и одвивањето на наставно-образовниот процес.

„Со почетокот на второто полугодие исполнуваме уште една мерка за нашите ученици.

Општината ќе го плати осигурувањето во случај на незгода за сите ученици во основното училиште. Иако се работи за симболичен трошок од 100 денари по ученик, сепак и со оваа мерка сакаме да покажеме дека учениците се нашата постојана грижа.

И во второто полугодие продолжуваме со ужинка за секој ученик, еднодневни екскурзии, поддршка за талентираните ученици, награда за првенец на генерација и ученици на генерација, поддршка на спортските активности на учениците, набавка на нови надгледни средства, а за нашите талентирани ученици во средните училишта и студентите обезбедуваме ученички и студентски стипендии.

Мерки во служба на образованието. Зошто: „Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.“/Нелсон Мандела/ “ – истакна градоначалникот Ногачески.