28/02/2024
Дебрца

Богојавленска честитка од градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упатува честитки до жителите на Општина Дебрца и до сите оние кои го фатија чесниот крст.

„На сите граѓани на општина Дебрца, а посебно на сите оние кои го фатија чесниот крст им го честитам празникот Богојавление Водици, денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан, денот кога водите се осветуваат и се преобразуваат во свети води.

Ви посакувам многу здравје и да Ве следи среќа и добрина низ целата година.

Бог се јави. За многу години.“ – напиша Ногачески, на својот ФБ профил.