17/04/2024
Охрид

Општина Охрид со известување за измени во возниот ред 3/1 и 5/1

Се известуваат сите корисници на Општинскиот линиски превоз кои го користат Возниот ред 3/1 – линија Охрид – Косел – Охрид , дека од понеделник (13.05.2019 година) првото поаѓање од овој возен ред ќе биде во 4.55 часот од станица Булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре, а не во 5.00 часот како што беше досега. Ова значи дека за 5 минути понапред ќе има поаѓање од станиците кои се однесуваат на оваа линија.

Исто така првото поаѓање од Возниот ред 5/1 за линијата Охрид – Ливоишта – Охрид кое е од станицата на булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре се поместува за пет минути понапред и истото ќе биде во 5.35 часот, а не во 5.40 часот како што беше досега. Ова повлекува промена од по 5 минути по станици за ова поаѓање.

Сите останати поаѓања од гореспоменатите возни редови си остануваат во согласност со претходно утврдените возни редови.