08/12/2024
Охрид

Општина Охрид: За да ја сокријат својата неспособност и да манипулираат со граѓаните, тие се дрзнале да коментираат за градежните зафати во Охридската гимназија

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција до медиумите испрати Општина Охрид во која стои:

„Критикуваат за реконструкцијата на Охридската гимназија, а три години учениците од угостителското училиште ги оставија струката да ја учат ОНЛИНЕ!

Полна уста зборови, а сепак ништо не кажано. Така може да се окарактеризира денешното соопштение на СДСМ Охрид. Постојано повторувајќи го зборот „факти“ со намера своите манипулации да ги класифицираат како вистини. Но, штом сакаат да зборуваат за факти тогаш ние ќе им ги предочиме фактите кои веќе трета година се обидуваат да ги занемарат.

Фактите говорат дека нивната неспособност оди до тој степен што еве веќе трета година се обидуваат да завршат со реконструкцијата на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а крајот на реконструкцијата не е ни на повидок. Дополнително на тоа, нивната неспособност придонесе да направат штета на околните објекти каде ги оштетитиле цевките за парно греење од Факултетот за туризам и угостителство оставајќи го цела зима без парно греење.

Нивната неспособност ги принуди учениците од ова училиште од почетокот на учебната година до денес, наставата да ја следат од дома, односно онлајн, што предизвикува непоправлива штета врз нивниот образовен процес. За овој проблем неодмна реагираа и родителите од учениците.

Сепак, за да ја сокријат својата неспособност и да се обидат да манипулираат со граѓаните, тие се дрзнале да коментираат за градежните зафати во Охридската гимназија, каде ни еден ден не запрел образовниот процес.

Како Локална самоуправа, нам ни е јасно каде е вашата болка. Вашата болка е тоа што градоначалникот Кирил Пецаков, посветено и напорно работи во подобрувањето на условите за одвивање на воспитно – образовниот процес. Ве болат реконструкциите на Охридската гимназија, Средното економско училиште, ЕМУЦ, основните училишта и веројатно она што најмногу ви создава немир е проблемот кој никој претходно не успеа да го реши, а тоа е префрлање во нови современи простории на ОУ „Кочо Рацин“.

Вашта пизма и критика треба да си ја насочите кон, како што милувате да кажете во соопштението, вашиот двор како не би правеле дополнителна штета на граѓаните, особено на учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ и студентите од ФТУ.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.


WebOhrid / 05.03.2024 / Општина Охрид