29/04/2024
Струга

Возило излета од улицата „Партизанска“ во Струга и падна во водите на Охридското Езеро

На 05.04.2024 во 05:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро.

Повредени лица нема, а по извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


WebOhrid / 05.03.2024 / СВР Охрид