Отслужена света архиерејска Литургија во храмот “Св. Никола” во Перт, Австралија
На 19.11.2023 година, во Дваесет и четвртата недела по Педесетница и на празникот на св. Павле Исповедник Цариградски, во храмот “Св. Никола” во Перт, Западна Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Станко Јовановски, Никола Христоски и Милорад Соктар (од Српската православна црква) и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
WebOhrid / 19.11.2023 / Дебарско-кичевска епархија