Отворена национална дебата „Непринципиелните, антидемократските, антицивилизациски, антимакедонски политики спрема македонскиот народ и држава“

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОВЕДУВА

НАРОДНА ДЕБАТА, РАЗГОВОРИ, ОБРАЌАЊА, БАРАЊА

Кон и како припрема за најавената и прифатена

ОТВОРЕНА НАЦИОНАЛНА ДЕБАТА

” НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ, АНТИДЕМОКРАТСКИТЕ,

АНТИЦИВИЛИЗАЦИСКИ, АНТИМАКЕДОНСКИ ПОЛИТИКИ СПРЕМА

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА”

со БАРАЊЕ до Претседателот на РМ и до Претседателот на САД,

преку амбасадорот на САД во РМ,

(пред да го интернационализираме Македонското прашање)

Ја известуваме македонскатa јавност дека Македонскиот народ, Движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет Единствениот Македонски пат, Движењето за цивилизациски вредности и здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење Преродба, доставија Барање до Претседателот на РМ (кое беше прифатено), за реализирање на Отворена национална дебата на тема: ,,Непринципиелните, антидемократските, антицивилизациски и антимакедонски политики спрема Македонскиот народ и Македонската држава“.

Дебатата се организира со цел стручните лица, научници, творци, професори и Македонските СУВЕРЕНИ носители и бранители на државниот суверенитет, јавно да го изразат, застанувајќи во одбрана на своето суверено право, определба, став и мислење за актуелните состојби и собитија кои директно задираат во идентитетот и ги проблематизираат и загрозуваат самоопределувањето, сувереноста, независноста и опстојот на Македонскиот народ и Македонската држава (со сите нејзини атрибути), со цел и ПЛАН за нивно непостоење и бришење од картата на живите народи, суверени држави и цивилизации на светот.

За таа цел, почнувајќи од Вторник (06.02.2018 г.), во ПЕТ ДО ДВАНАЕСЕТ (11.55 ч.), и понатаму:

1. СЕКОЈ Вторник и Петок, во ПЕТ ДО ДВАНАЕСЕТ (11.55 ч.), во паркот Жена борец, во Кампусот на бранителите, пред Собранието на РМ, Македонскиот народ ќе започне дебатирање, разговори и обраќања кои ќе бидат насочени КОН и како припрема за најавената ОТВОРЕНА НАЦИОНАЛНА ДЕБАТА, која е во прилог и дел на ПРОТЕСТИТЕ на Македонскиот народ.

2. СЕКОЈА Сабота, во ПЕТ ДО ДВАНАЕСЕТ (11.55 ч.), на истото место, пред Собранието на РМ, ќе има масовен ПРОТЕСТ.

3. Додека, во вечерните часови, истата можност ја имаат младите, самите да си го осмислат својот начин на кој ќе можат да го изразат своето родољубие и своите ставови во однос на актуелните состојби.

На тој начин, Македонскиот народ има можност соодветно, преку учество во широка народна дебата, разговори, кои ќе му помогнат притоа да се вешти и аргументирано, издржано, насочено кон темата, да се изјасни, да се бори за заштита и остварување на своите суверени права и највисоките национални интереси, да може да ги изнесе своите аргументи, да биде на ниво на задачата и заложбата, поради која се организира Националната дебата.

Сите да бидеме одговорни и соодветни на ситуацијата, висината и значењето на Дебатата. Нашиот придонес кон истата да биде во духот на македонските високи вредности, кои во изминатите 27 години ни ги бришеа, потиснуваа, напаѓаа, масакрираа, и намерно свесно го разнебитуваа Македонскиот народ, кој во своето постоење низ милениумите ги создаваше, поседуваше и негуваше тие вредности, цивилизациски, на просветителства, на преродби, ренесанси, . . . и, сега, полека треба да се ослободуваме од сите наметнати деструктивни начини и методи врз нас, Македонскиот народ, и повторно да си ги вратиме македонските, кои се и цивилизациски вредности и начини на живеење и создавање.

Иако веќе се поканети и лично, сега уште еднаш ЈАВНО ГИ ПОВИКУВАМЕ И ПОКАНУВАМЕ и Претседателот на РМ, г-дин Ѓорге Иванов и амбасадорот на САД во Р. Македонија, Џес Бејли, еминентните македонски научници, професори, творци и докажани бранители на уставноста, идентитетот и државниот суверенитет и претставници на СУВЕРЕНОТ на Република Македонија и потписници на двете Петиции: 1. За Ургенцијата до ЈО и ОЈО за постапување по Барањето за прогласување на парламентарните избори од 11 декември 2016 година, за недемократски и нерегуларни, 2. Против антимакедонската и нелегитимна власт и нејзините невалидни одлуки, закони, договори ( за името, двојазичност, договори за ,,добрососедство“ и ,,пријателство“ и слично . . .) и да земат учество во оваа највисока национална дебата, пред да го интернационализираме Македонското прашање. Заедно да упатиме ПОСЛЕДЕН АПЕЛ/ПОВИК за израз на добра воља и спремност за пријателска соработка со државотворниот и суверен Македонски народ и суверена унитарна Република Македонија, заснована врз принципот на еднаквост/рамноправност и почитување и немешање во внатрешните работи на суверена држава, членка на ОН, чиешто суверено, уставно, природно и цивилизациско право е повредено, прекршено, спротивно на Повелбата на ОН, сите декларации, конвенции на ОН и договори на меѓународното и дипломатско право. За што, доколку не се корегира тој непринципиелен однос и политики, не се тргнат тие повреди и недозволени навлегувања и мешања, во кои како најголем и најцрн врв се покажа мешањето и непринципиелно и антидипломатско влијаење врз последните предвремени парламентарни избори од 11 декември 2016 година, кои поради тоа, со основано сомнение и полно право, можеме да ги наречеме ЦРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 11 ДЕКЕМВРИ за Република Македонија и за Македонскиот народ, ќе бараме:

– Меѓународна правна и судска постапка и завршница,

– Тргање и забрана на сите непринципиелни, антидемократски политики спрема нас,

– Поништување на сите непринципиелни договори, спогодби и слично,

– Итен прекин на сите разговори и преговори за името, кои Република Македонија и Македонскиот народ го ставаат во потчинета положба, под окупација, ропство и отворено извршување на геноциден етноцид врз него, по пат на уцена и политичко насилство за ,,самоуништување“.

Македонскиот народ е решен ДОКРАЈ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ТАКВИТЕ МОНСТРУОЗНИ И ГЕНОЦИДНИ ПОЛИТИКИ КОН НЕГО, ДА НЕ ГИ ПРИЗНАВА И ДА НЕ ГИ ПРИФАЌА, од која страна и да доаѓаат.

Ова е обид од Македонскиот народ, цивилизирано, во духот на македонските обичаи, мирољубиво, разумно, да се отфрлат сите непринципиелни, дестабилизирачки, деструктивни политики и влијанија, за да е можна понатамошна меѓусебна разумна соработка.

А, од овој момент, од Народната дебата и разговорите, Македонскиот народ:

1. Ќе упати УЛТИМАТИВНО БАРАЊЕ до Претседателот на РМ, до нелегитимната Влада и до меѓународните чинители и субјекти:

ДА ПРЕСТАНАТ СИТЕ ДОГОВОРИ, ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО И ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРАШАЊА, ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ.

Додека, ДИЈАЛОЗИ да се водат ТРАНСПАРЕНТНО, СО КОНСТИТУТИВНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, не со нелегалната и нелегитимна власт.

2. Ќе ги предложи, преку Меѓународното движење за цивилизациски вредности, заедно за ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР, претседателите на САД, Доналд Трамп, на Руската федерација, Владимир Путин, и на НР Кина, Кси Џинпинг, токму поради нивната спремност за заедничка соработка во полза на суверените народи и држави и на човештвото во целина, особено поради тоа што се надеваме, наместо Македонија ,,линија на огнот“ (како што изјави Џон Кери), да ја направат линија/поле за меѓусебна соработка на Истокот со Западот и поведување на Ренесансата на Новото време, како Надеж за иднината.

Ги замолуваме учесниците во народната дебата и разговорите што ќе се одвиваат секој вторник и петок, во ПЕТ ДО ДВАНАЕСЕТ, како и оние кои сакаат да доставуваат, односно да праќаат пишани прилози, за интернационализирање на македонското прашање, своите излагања/прилози да ги подготват и да нѐ известат претходно/однапред за следниот термин на дебатата (вторник, петок) или на протестот (сабота) во кој би имале свое учество. ( Нека се јават во Кампусот на бранителите/пунктот пред Собранието на РМ, на 077/581-871 или на edinstveniotpat@gmail.com )

Ги замолуваме учесниците во најавената Отворена Национална дебата своите излагања/обраќања да ги подготват во писмена форма (може тоа да биде и веќе објавен став, односно авторски текст), а кој сака да се обрати и во живо, преку видео врска или порака (за што дополнително ќе бидат разгледани најдобрите начини).

Излагањата потоа ќе бидат собрани во Алманах ,,Досие: Вистините за Македонија“ и тие материјали ќе бидат многу значајни за интернационализирање на македонското прашање.

Од организаторите

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.