Паднати дрвја и кровови по синоќешното невреме во Скопје

Како последица од невремето проследено со силен ветер кое го зафатило скопскиот регион од страна на граѓаните на какрактеристичниот број 195 биле пријавени:

  • паднато дрво на коловозот во с.Батинци (опш.Студечани),
  • паднат кров на коловозот на бул.Партизански Одреди во близина на слаткарница Палма (опш.Карпош),
  • паднати лимови од кров во паркчето на ул.Христо Татарчев спроти аптеката Зегин после сервисот Мечкаров (опш.Кисела Вода),
  • паднато дрво на кров на ул.Бањаличка бр.16 во нас.Тафталиџе (опш.Карпош),
  • паднат кров од зграда бр.1 на ул.Шекспирова спроти хотел Карпош (опш.Карпош),
  • паднати дрвја врз коли на бул.8ми Септември бр.12 (опш.Карпош),
  • паднат кров на коли на ул.Ѓорѓи Сугаре бр.4, а дел од кровот виси преку зграда (опш.Кисела Вода),
  • паднато дрво преку двор во куќа на ул.Партение Зоографски бр.28 (опш.Центар),
  • повеќе пријави за спојување на жици од електрична енергија како резилтат на силниот ветар на повеќе локации во градот,
  • падната бандера од ЕВН на куќа на ул.Радушка бр.28 (опш.Ѓорче Петров),
  • паднати делови од кровови на ул.Ѓорче Петров (опш.Ѓорче Петров),
  • паднато дрво врз куќа на ул.Воин Драшковиќ бр.32 (опш.Ѓорче Петров),
  • паднато-потпрено дрво врз зграда на ул.Бриселска 7ма руска зграда (опш.Карпош),
  • паднато дрво кај амбулантата во Автокоманда (опш.Гази Баба),
  • паднато дрво преку возило на ул.Стокхолмска бр.9 во нас.Таталиџе (опш.Карпош),
  • паднато дрво преку тротоар на ул.Пролет бр.29 и паднати гранки преку коли на ул.Архиепископ Доситеј бр.39 (опш.Чаир).