30/04/2024
Македонија

„Партија реми“ – премиера на Драмски театар

На сцената на Драмскиот театар, утре 20 април, со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Партија реми“.

Претставата е работена според драмски текст на американскиот автор Доналд Ли Кобурн, кој за него добил Пулицерова награда во 1978 година, во режија на Виолета Џолева.

Во претставата за која сценографијата ја изработи  Доротеа Ѓорѓиевска, настапуваат актерите Маја Вељковиќ-Пановска и Ѓокица Лукаровски – кој со „Партија реми“ одбележува 40 години актерска кариера. Тие играат човек и жена во дом за стари лица кои преку играњето карти се запознаваат и си ги раскажуваат животите.

Според режисерката Џолева станува збор за текст кој е едноставен, но суптилен и со длабока филозофија за животот и порака дека секој ден ни носи ново делење на картите.