20/05/2024
Охрид

Дефиле низ охридските улици по повод Денот на планетата Земја

Во рамки на своите програмски активности, а по повод 22 април – Ден на планетата Земја, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица“ ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

Дефилето ќе започне на 22 април 2018 година, недела, во 11:00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по улица Димитар Влахов, улица Македонски просветители, плоштадот Крушевска Република (кај Чинарот), и ќе заврши кај градскиот плоштад каде што најмладите волонтери од Браинобраин Програмата од Црвен крст Охрид ќе продефилираат на модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката.

Учеството во ова дефиле е отворено за секој наш сограѓанин кој ја почитува и сака природата.