Партнерството и соработката помеѓу јавните и приватните образовни институции клучен аспект во развојот на модерното образование
Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со Ангел Јанев од Образовниот центар „ПИСИ“ од Охрид на која се разговараше за аспектите и можностите за идна тесна соработка помеѓу јавните и приватните образовни институции во општина Охрид.
Градоначалникот ја истакна определбата на општина Охрид за силна поддршка на талентираните ученици од основните и средните училишта во општина Охрид и подобрување на условите за нивно учење како и постигнување на врвни резултати на натпреварите во знаење, преку мерки кои ќе го стимулираат тој процес.
Ангел Јанев од Образовниот центар „ПИСИ“ Охрид кој долги години е поддршка во образовниот процес на учениците од општина Охрид искажа голема поддршка за мерките кои општина Охрид ги презема во областа на образованието особено мерките за наградување на талентираните ученици, го извести Градоначалникот дека образовниот центар ПИСИ во насока на поддршка на мерките на општината ќе овозможи бесплатно користење на тестовници по предметот математика за трето одделение кои родителите бесплатно ќе може да ги симнат од нивната веб страна: www.matematika.mk
WebOhrid / 15.09.2022 /