Пецаков: Нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина.

Уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување.

Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта каде што гостите и охриѓани има да поминуваат дел од своето време.

Новиот парк и зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта има да биде ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид.

Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!

На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!“ – истакна Пецаков.