26/04/2024
Охрид

Пецаков: 23 Октомври – Симбол на непокор, патриотизам и слобода! Нека е честит празникот!

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков,  упати честитка по повод 23 Окгомври –  Денот на македонската револуционерна борба.

„Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев и Андон Димитров ја основаат Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун.

Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и вечен аманет.

Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Идејата е вечна!

Да живее Организацијата!

Да живее Република Македонија!“ стои во честитката на Пецаков.