29/04/2024
Охрид

Пецаков: Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благосостојба!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните по повод Новата 2024 година.

„Драги охриѓани,

Во Новата 2024 година од сесрце ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања.

Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благосостојба!
Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство!
Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија!

Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година! – стои во дел од честитката на градоначалникот.