26/04/2024
Охрид

Пецаков: Охрид ќе биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина

Кандидатот за Градоначалник за Општина Охрид од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков се обрати на младите од Охрид на денешната промоција на Локалната стратегија за млади за Општина Охрид, проект чиј имплементатор е Тијана Тесалоника Шишкоска и е во организација на НМСМ во соработка со ИФЕС и Швајцарската агенција за развој и соработка, во кое истакна дека младите се иднината и клучот за напредокот на градот. 

Нашата цел ќе биде насочена кон намалувањето на младинската невработеност и што повеќе да бидат вклучени на пазарот на трудот.

Младите мора да ја гледаат својата иднина во Охрид, а за таа цел треба да биде донесена долгорочна стратегија за млади.Потребна е инклузија на сите млади и нивна вклученост во креирањето на младинските политики.
За локалните проблеми потребни се локални решенија. Политиката којашто треба да се води е локалните проекти во голем дел да бидат насочени кон подобрување на животот на младите на локално ниво – истакна Пецаков.

Студијата беше доставена и до НВО од Охрид, политички подмладоци и советник од Општина Охрид.