18/04/2024
Охрид

Пецаков: Посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите

Координаторот на советничката група во Советот на општина Охрид и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која ги претстави Проектите од областа на спортот и физичкото здравје кај младите, од Програмата на кандидатот за градоначалник, д-р Митре Милошевски.

„Инвестирањето во спортскиот дух од најмали нозе кај децата е вистински влог во здравјето на нацијата. Затоа посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите.

Проектите за спортот се проекти за напредок, за поубав град, за Охрид!

Со задоволство го најавувам проектот:

Изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта.

Не застануваме со тоа, туку најавуваме уште еден проект:

Изградба на спортски и детски игралишта.

Во Велгошти:

– Модерно спортско игралиште со гумена подлога, детско игралиште и рекреативна фитнес зона.

Во Елшани:

Изградба на детско игралиште со уредување на околниот простор

Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за неколку спортови и модерно осветлување

Изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште.

Во Долно Коњско:

Спортско и детско игралиште

Изградба на спортско и детско игралиште опремени со реквизити како и осветлување според најсовремени спортски стандарди.

Во Пештани:

Реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште и изградба на простор за трибина.

Во Урбана Заедница „Железничка“:

Изградба на повеќенаменско спортско игралиште со сите реквизити и балон сала за фудбал со вештачка трева.

Преку изградбата и реконструкцијата, опремувањето на спортските сали, фудбалските и тениски игралишта, организирањето и субвенционирањето на голем спортски настани, поддршката на спортските таленти диектно придонесуваме за правилен психо-физички развој на децата, професионалците и гостите.

5 за Убав град,

5 за Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид,

5 затоа што Охрид повикува!“ – истакна Пецаков.