Утре започнува програмата „Млади лидери создаваат иднина“

Новата програма за младите „Млади лидери создаваат иднина“ која Црвен крст Охрид ќе ја реализира во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија, започнува утре, 14.03.2019 г. (четврток) во 19:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Оваа програма, наменета за ученици од 14-18 години интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. Воедно младите ќе ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери ќе можат да придонесат во развојот на заедницата, како и да стекнат и развиваат вештини за вработливост, чувство за цел и иницијатива, одговорност и ресурси потребни за достигнување на компетитивни работни кариери.

Програма е во времетраење од 14 недели, а наставата ќе се одвива на македонски јазик.

Се очекуваат заинтересираните младинци да земат учество во оваа програма.

Детални информации и пријавување на веб страната https://programamladiohrid.wixsite.com/mladilideri