27/04/2024
Македонија

Петти локален координативен состанок на членовите на Националната комисија за мало и лесно оружје

 Денеска (17.06.2021) се одржа Петтиот локален координативен состанок за Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со МЛО и муниција на Западен Балкан до 2024 година, на кој присуствуваа членовите на Националната комисија за мало и лесно оружје, а преку интернет и сите други надворешни учесници.

Состанокот го отвори заменик директорот на Бирото за јавна безбедност и претседател на Националната комисија за мало и лесно оружје Ариф Асани.

Главната цел на состанокот беше разгледување на статусот на имплементација на Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со МЛО и муниција на Западен Балкан до 2024 година, развиен со поддршка на Европската унија и владите на Франција и Германија и неговиот усвоен Акционен план во Република Северна Македонија. Состанокот претставуваше одлична можност за дискусија и координација на придонесите од локалните и меѓународните организации, вклучени во контролата на оружјето во Република Северна Македонија, како и во секоја тековна и планирана донаторска поддршка во борбата против пролиферацијата и недозволената трговија со мало и лесно оружје, во рамките на Патоказот. Брифингот за тековните и планираните активности за контрола на МЛО од страна на членовите на Националната комисија за МЛО претставуваше можност за дискусија за сите предизвици што ги носи Ковид-19 кризата и за сите идентификувани дополнителни потреби за поддршка.

Организацијата на овој состанок е поддржана од СЕЕСАК со финансирање обезбедено од Европската унија со Одлука на Советот (ЗНБП) 2018/1788, со цел да се обезбеди координација и следење на напредокот на Патоказот за контрола на МЛО.