05/12/2024
Охрид

Пилот Проект „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух – AIRTHINGS“

Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на ЕУ INTERREG Balkanmed Проектот AIRTHINGS „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ заврши со поставувањето на   11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на  домаќинства во населбата Кошишта  кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.

Од страна на Државниот Инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање беше обезбедена логистичка поддршка за реализација на техничкиот дел од проектот, а Општина Охрид беше  вклучена во изборот на домаќинства кај кои се  инсталирани филтрите.

Проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух- AIRTHINGS“ ќе ги искористи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи нови, податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови (Во Македонија Охрид-пилот град), следење на квалитетот на воздухот, “облак” базиран на “Отворени податоци” систем со предвидлива анализа и напредна можност за учење кое овозможува навремени активности на јавните органи. Во комбинација со насоки и методологии за мониторинг на квалитетот на воздухот во градот, воспоставувањето на заедничка анализа на генерални политики за намалување на регионалните загадувачки супстанции и моделите за оценување на квалитетот на воздухот, проектот ефикасно ќе го адресира загадувањето на воздухот и ќе им овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис заедницата.

На 1.10.2019год. во Охрид беше одржан Европски ден на соработка кога официјално беше  промовиран овој проект.