30/04/2024
Охрид

Плоштадот Св.Климент Охридски пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвениот крст

Плоштадот Св.Климент Охридски во Охрид денес пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвениот крст.

На 50-от, јубилеен општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Охрид учениците од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во категории подмладок и младина се натпреваруваа во укажување прва помош. 13 екипи со преку 150 млади на 6 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ООУ Св.Климент Охридски, второто место го освои екипата на ООУ Христо Узунов, а трета беше екипата на ООУ Св.Наум Охридски Пештани. Во категоријата младина првото место и правото на учество на Регионалниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ Кирил и Методиј-медицинска паралелка, а второто место го освои екипата на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија.

За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 15 судии (лекари, медицински сестри, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот за реалистички приказ на повреди, составен од 3 шминкери и 14 актери. 13 водичи, волонтери на Црвен крст Охрид ги водеа екипите по предвидените траектории и пунктови за укажување прва помош.

Во овој циклус на подготвока на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 200 млади.

Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст.

Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите волонтери, ментори, инструктори, тренери, судии, до основните и средните училишта и до сите кои ја помогнаа реализацијата на 50-от Општински натпревар по прва помош.


WebOhrid / 13.04.2024 / Црвен крст Охрид