Победа над Ерменија на стартот од Лига на Нации

Македонската фудбалска репрезентација со победа го започна второто издание на Лига на Нации, откако денеска во Скопје со резултат 2-1 беше поразена Ерменија. Алиоски и Несторовски со головите постигнати од белата точка ја донесоа победата, а гостите во судиското продолжение исто така од пенал преку Барсегјан го постигаа голот за конечен резултат. Во не толку квалитетен натпревар одигран во тешки услови поради високите температури (натпреварот почна од 15:00 часот), Македонија беше посреќна добивајќи пенал уште во раната фаза од мечот, па Езѓан Алиоски со максимално презицен удар од белата точка донесе водство после само 5 минути.

Преку иста формула дојде и вториот гол, кога повторно над Елмаз беше направен пенал, а сега Несторовски биеше прецизно за 2:0 во 38 осмата минута. Вториот дел донесе отворена игра, двете репрезентации имаа по неколку можности за гол, а откако не успеавме да го постигнеме тој трет гол, гостите во судиското продолжение добија пенал, кој успешно го реализираше Барсегјан за конечни 2:1.

Слeдниот натпревар нашата најдобра репрезентација го игра во вторник на гостински терен со Грузија.

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2-1 (2-0)
Национална арена „Тодор Проески“, Скопје.
Главен судија: Ирфан Пељто (БиХ)
Стрелци: Алиоски 5′(п), Несторовски 37′(п) (Македонија); Барсегјан 90’+4 (Ерменија) 
МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Ристовски, Муслиу, Велковски, К. Ристевски (71′ Спировски), Адеми, Николов (75′ Трајковски), Барди, Алиоски, Елмас, Несторовски (62′ Пандев)
Селектор: Игор Ангеловски
ЕРМЕНИЈА: Јурченко, Калисир, Хамбарџумја, Харојан, Григорјан, Вбејмар, Бајрамјан (46′ Барсегјан), Корјан, Ховханисјан, Карапетјан, С. Григорјан (46′ Бабајан)
Селектор: Жоакин Капарос

Стартот со победа во второто издание на Лига на Нации  го остави задоволен и селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски, кој меѓу другото им ја честиташе победата на своите избраници. Алиоски и Несторовски со удари од белата точка ги постигнаа головите во победата со резултат 2:1 над Ерменија, а за гостите исто така од пенал погоди Барсегјан во судиското надополнување.

Јас им честитам на фудбалерите затоа што ова беа ненормални услови за игра, надвор беше проблем на теренот. Нормално е кога фудабалерите не се во полн натпрерувачки ритам да не се во полна форма, но покажавме нов квалитет затоа што одиграме на резултат. За мене е нормално за онаа пауза која следеше, да одиграме ваков натпревар. Мене ми е криво што некои одлучија да играме во 15 часот, па и ни намалија наместо да имаме 5 имавме 3 измени, а некој треба да мисли на здравјето на фудбалерите“, изјави на почетокот селекторот Ангеловски.

“Рано го отворивме противникот. Потоа, имавме уште две ситуации за гол, но не успеавме, па Шишковски одбрани добра шанса за Ерменија. Потоа дојде и вториот пенал, поведовме со 2-0, па немавме причина да притискаме со 200%. Свесно му ја препуштивме средината на теренот на противникот. Во вториот дел имавме некои опасни шанси за гол, во кој можевме да го завршиме мечот. Но, не ѝ гледам на победата во заби. Задоволен сум од резултатот“,заврши предводникот на националниот тим.