04/05/2024
Македонија

Поднесена тужба против Европската Комисија – не ги штити правата на Македонците во Бугарија

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет.  

Се бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска. 

Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  

Оваа одлука е неприфатлива – затоа, 

Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција цени дека Европската Комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаментлните права на ЕУ.  

Ова е прв правен процес внатре во Евроспката Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот За Правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија. 


21.04.2024 / НовАсном