03/05/2024
Охрид

Отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Петтата недела од Великиот пост

На 21.04.2024 година, во Петтата недела од Великиот пост – Неделата на преп. Марија Египетска, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Роберт илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

 


WebOhrid / 21.04.2024 / Дебарско-кичевска епархија