19/04/2024
Македонија

Поевтинуваат горивата, се зголемува само цената на мазутот

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,48%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 86,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,810 ден/кг.


WebOhrid / 28.11.2022 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги