13/06/2024
Охрид

Полицаец повреден во сообраќајка кај Лагадин

На 01.08.2020 околу 19:55 часот на регионален пат во населба Лагадин, Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.