19/03/2024
Македонија

Полицијата одзеде ловна пушка од жител од с. Франгово

На 29.04.2021 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(38) од с.Франгово, струшко.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ловна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.