Поради неповолни временски услови, дезинсекцијата против комарци ќе се врши на 27, 28 и 29 јуни

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа дека поради најава на неповолни временски услови (ветар, дожд) за утрешниот ден, најавената теристичка (од земја) дезинсекција против комарци екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе ја спроведат во деновите: 27.06.2018 год.(среда), 28.06.2018 (четврток), и 29.06.2018 (петок) во период од 20 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени соодветни територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231