14/06/2024
Дебрца

Повредени две лица во сообраќајка кај селото Издеглавје

На 13.03.2021 година во 20:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Издеглавје-општина Дебарца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки, „Волксфаген Џета“ управуван од Е.С.(22) и „БМВ“, управуван од А.И.(45), двајцата од Охрид.

Тие се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со тешки телесни повреди се здобила и Е.С.К. (26) од Русија-сопатник во второто возило, која е пренесена на натамошно лекување во Клинички Центар Скопје.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.