20/05/2024
Македонија

Посета на средношколци на СВР Тетово во соработка со МОФ

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера, (19.04.) беше домаќин на триесетина тетовски средношколци, претставници на Здружението на граѓани „Младински образовен форум“-Скопје. Во рамките на нивната посета, претставниците на ова Здружение имаа непосредна можност поблиску да се запознааат со тековните и идни активности на Центарот за известување и координација, на Отсекот за превенција и на Отсекот за малолетнички криминал. 

Инаку, вчерашната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово беше во рамките на Програмата „Учиме право“, која „Младинскиот образовен форум“ ја споведува во шест градови во нашата држава, а чија цел е едукација на младите за човековите права, слободи, демократија, владеење на правото и евро-интегративните процеси.

Посетата на средношколци уште еднаш ја потврди континуираната транспарентност, подготвеност и конструктивност на Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово за соработката со граѓанските организации и здруженија, како и за нејзина натамошна афирмација и содржинско унапредување.