Повик за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици во основно и средно образование

Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува:

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за  доставување барања за одобрување учебници по странски јазици
во основно и средно образование

Предмет на јавниот повик:

 Доставување  барање за одобрување на учебници по странски јазици во основното и средното образование за следните наставни предмети:

1.   Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишното основно образование,

2.   Италијански јазик  (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишното основно образование,

3.   Италијански јазик  (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишното основно образование,

4.   Италијански јазик  (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишното основно образование,

5. Италијански јазик (втор странски јазик) за I година на средното четиригодишно образование,

6. Италијански јазик (втор странски јазик) за II година на средното четиригодишно образование,

7. Италијански јазик (втор странски јазик) за III година на средното четиригодишно образование,

8. Италијански јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишно образование,

Барање за одобрување  учебник по странски јазици може да побара: Домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Македонија.

Кон барањето  заинтересираните домашни издавачи, односно издавачи од друга држава во која се регистрирани за издавачка дејност преку законски застапници во Република Македонија задолжително доставуваат:

-домашниот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во Република Македонија,

-странскиот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во државата во која му е седиштето и овластување за законски застапник во Република Македонија.

– овластениот законски застапник на странскиот издавач треба да достави договор или друг соодветен доказ дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните 5 учебни години,

– учебниците по странски јазици се доставуваат во  пет примероци во печатена форма (во колор).

Рокот за доставување  учебници по странски јазици е 13.04.2018 година.

Заинтересираните издавачи може да ги превземаат Наставните програми и Концепцијата за изработка на учебник од веб страната на Бирото за развој на образованието. www.bro.gov.mk

Ненавремено доставеното барање и/или некомплетно доставената документација нема да се земе во предвид.

Барањaта за одобрување  учебници по странски јазици  да се доставаат на  адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје