26/04/2024
Охрид

Повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 г.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

– Да се на возраст од 18 до 35 години (да достават соодветен доказ (извод на родени, лична карта)

– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт

– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа

Повикот трае од 20 мај до 15 јуни 2021, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на пријавата на линкот: 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSds7dg44K1xj6_W7GlxMYnKIStb6S3bYvVjT2bkePsvjTpsZg/viewform

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2021.