27/04/2024
Охрид

„И јас и ти сме пешаци“, превентивна активност на СВР Охрид и РСБСП

Денеска (12.06.2023) полициски службеници од СВР Охрид на неколку локации во Охрид, во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведоа превентивна активност насочена кон безбедноста на пешаците во сообраќајот. На возачите им беше укажано дека секогаш треба да им се дава предност на пешаците, но и на пешаците им беше укажано дека мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи односно да се движат по тротоар, да ја поминуваат улицата на обележани премини… На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.