29/04/2024
Охрид

Повреден кинески државјанин при извршување работни задачи на автопатот Охрид-Кичево

На 23.04.2023 во СВР Охрид, од Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10.00 часот, при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник.

Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.