Повреден малолетник во сообраќајка на патот кај Велешта

На 04.01.2021 во 02:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Велешта се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(24) од с.Велешта и патничко возило „митсубиши галопер“, со германски национални ознаки, управувано од Н.М.(23) од с.Лабуништа, струшко.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17 – годишен сопатник во возилото „даеву тико“, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.