18/06/2024
Охрид

Повреден работник во шумскиот појас над охридското село Опеница

На 21.07.2020 година во СВР Охрид, од страна на Планинарската спасителна служба при Црвениот крст пријавен е повреден работник во шумскиот појас над охридското село Опеница.

При извршен увид на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека Н.Р.(30) од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење на дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума го повредил Б.И.(42) од Охрид, вработен во истата фирма. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.