04/05/2024
Охрид

Повреден велосипедист во близина на црквата „Св.Еразмо“ во Охрид

На 19.06.2021 во 07.15 часот на магистралниот пат А2, во близина на црквата „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(65) од Охрид удрило во велосипед, управуван од Д.Ш.(69) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Болницата „Св.Еразмо“ Охрид, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.