28/04/2024
Охрид

Повредени двајца охриѓани кои го нарушиле јавниот ред и мир со употреба на остар предмет

На 07.02.2023 во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека пред деловен објект во близина на спортско – рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од страна на Г.Т.(47) и М.Ј.П.(26), двајцата од Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со употреба на остар предмет, на што претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

Притоа, со телесни повреди се здобил Г.Т. констатирани во Општа болница во Охрид, додека М.Ј.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.


WebOhrid / 08.02.2023 / СВР Охрид