Повредени три лица во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На 08.08.2018 година околу 08:20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (34) од с.Ново Село, општина Дeбрца. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ – А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете. Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.