27/04/2024
Охрид

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

На 17.04.2021 во 09,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид –Кичево кај с.Ново село патничко моторно возило “форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(47) од Тетово излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјална болница “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.