08/10/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ освоија златна медаља на математички квиз

Вчера, 26.11.2019 година ( понеделник) во организација на Yahya Kemal college во Струга се одржа математички квиз во кој учество зедоа и ученици од Основното училиште „Григор Прличев“.

Тимот од ова училиште го сочинуваа: Емилија Николовска, Нина Стевоска и Драгана Каневче, три ученички од деветто одделение под менторство на наставничката Марика Бубеска.

На овој квиз учествуваа над триесет тимови од основните училишта од регионот и тој се одржа за прв пат. Учениците и менторот беа задоволни од организацијата, пред почетокот на квизот на учениците им биле објаснети правилата. Квизот ги воодушеви младите математичари, кажаа дека бил забавен и добро осмислен. Покрај натпреварувањето, задоволни беа и од дружбата со врсниците и стекнатите нови познанства.

Тимот од ова училиште го освои првото место, односно ОУ „Григор Прличев“ се закити со златна медаља.