14/06/2024
Охрид

Пожар во земјоделска аптека на ул.„15 Корпус“ во Охрид

На 24 декември оваа година, во 06 часот, во земјоделска аптека лоцирана на улицата „15 Корпус“ во Охрид, случен е пожар во кој изгореле дел од земоделските препарати.

Со интервенција на Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран и изгаснат, по што, на местото на настанот, извршен е увид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расчистување на случајот.