28/04/2024
Охрид

Празни рафтови кај лебот со замрзната цена

Од денес стапи на сила Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб до 33 денари. Мелничарите се заканија дека ќе престанат со производство на леб и тоа го направија. Голем дел од нашите сограѓани загрижени прашуваат што значи тоа и дали навистина нема леб.

Тимот на WebOhrid утрово посети повеќе маркети низ градот. Леб има, но таму каде што треба да биде со намалени, односно замрзнати цени, рафтовите се празни, а граѓаните се принудени да купуваат други видови леб кои се со повисоки цени.

Наши читатели од други градови низ државата не информираа дека голем дел од пекарниците кои се бават исклучиво со производство на леб денес се затворени.

Дали како знак на револт од страна на мелничарите ова ќе трае само краток период или не, останува да видиме.


WebOhrid / 01.03.2023