Празникот Илинден одбележан во Мешеишта
Големиот македонски празник Илинден, традиционално се одбележа во манастирот „Св.Илија“ на планината Илинче во Мешеишта.
Многу верници од Мешеишта, од околните села, но и од надвор го посетија манастирот. За верниците беше даден и ручек од страна на Црквата, а прославата беше збогатена со добра македонска народна музика. Присутните ги забавуваше познатиот фолк – пејач Дамјан Стојаноски и групата Маестрал од Битола.
За многу години!
WebOhrid / 02.08.2023