29/04/2024
Охрид

Спасувачка акција на повреден холандски државјанин при спуштање со параглајдер на Галичица

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасувачите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се упатени на планината Галичица. Тие се подготвени за уште една спасувачка акција, откако денеска (02.08.2023) во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Од МВР потврдуваат дека во тек е спасувачка акција од страна на нивни припадници, а повеќе инфо по завршување на активностите.


WebOhrid / 02.08.2023 / СВР Охрид