16/04/2024
Охрид

Празникот посветен на Светата Великомаченичка Ирина одбележан кај Свиништа

Празникот посветен на Светата Великомаченичка Ирина традиционално денес се одбележа во црквата посветена на оваа Великомаченичка која се наоѓа на патот кај селото Свиништа. Климески Трене од Лескоец, Охрид, кој потекнува од Опеница, а долги години живеел во Битола е човекот кого на сон му се јавило да изгради црква токму на ова свето место.

„На сон ми се покажа овде кај овие три јавори да направиме манастирче. Направивме исто како што ми се кажа на сонот, и манастирчето и скалите, а и таблата на која пишува Света великомаченичка Ирина на 50 метри.“ – раскажува Климески.

Како што вели тој секоја година празникот овде свечено се одбележува, со песни и ора, како и ручек за посетителите.

Додава дека досега има изградено и други две цркви, во неговото родно село Гнеотино – Битолско, црквата Св.Стефан и црквата Св.Петка.

Климески преку WebOhrid упатува апел до сите добронамерници кој колку може да донира, да се доизгради оваа црква посветена на Св. Великомаченичка Ирина.

За многу години!

WebOhrid