19/04/2024
Охрид

Завршено расчистувањето на Мауцкер

Ј.П.„Охридски Комуналец„ заврши со расчистувањето на депонијата  „Мауцкер„ ,а во иднина истата тековно ќе се одржува . По поднесената апликација на општина Охрид до Министерството за животна средина, доделени се повеќе од два милиони денари за реализација на овој зафат. Во расчистувањето и рамнењето на теренот беа ангажирани два булдожери, еден багер и два камиони. Извршено е порамнување на 16.000 м2 градежен шут и тампонирани се 7.000 м2 со 2.500 м3 квалитетна земја. Дел од градежниот шут (5.000 м3) е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата.

                                       каква е денес сликата од депонијата

како изгледаше претходно