25/04/2024
Охрид

Премиера на краткометражниот игран филм „И(с)ЗГУБЕНИ“ во Охрид

Во организација на Стори Скоп Продукција од Охрид, во Охрид премиерно ќе се прикажува краткометражниот игран филм И(с)ЗГУБЕНИ во режија на Антонио Вељаноски.

 Филмот премиерно ќе се прикажува во петок, 25 мај 2018 година, во 18:30 часот во амфитеатарот на ФИОФА (Филмска Академија – Охрид).

И(с)ЗГУБЕНИ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот …

Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.

Авторската екипа на филмот ја сочинуваат:

​Сценарио и ​Режија: Антонио Вељаноски; Директор на фотографија: Владимир Димоски; Сценограф и костимограф: Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Вељаноски; Композитор: Игор Василев Новоградска; Продуцент на сет: Зоран Вељаноски Летра​,​ Продуцент на филмот: Елена Станишева.
Филмот е во ко-продукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка и истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.